Студенти побрзајте: Можност да патувате низ Европа

 

Преку проектот „Патуваме во Европа“  12 студенти од Македонија ова лето ќе добијат можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја. Сите студенти во завршна година од студирање или апсолвенти, со просечна оценка во текот на студирањето поголема од 8 имаат можност ова лето да влезат во ЕУ, со помош на реализаторот на проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Интер Раил карта за неограничено патување со воз, ИСИЦ картичка,  патничко осигурување и дел од средствата кои ќе им бидат потребни, на платежна картичка.

Конкурсот за пријавување на студенти е отворен до 1 јули, а патувањето ќе започне на 29 јули. Аплицирањето е електронски, а формуларите и сите информации за проектот се достапни на интернет страната на проектотwww.patvoevropa.org.mk.

„Патуваме во Европа” e регионален проект што се реализира во последните седум години во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

Конкурсот за аплицирање е отворен уште 14 дена.

18.06.2014 - 11:59
Фото: 
радиомоф
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега