Котески на Конференција на стратегиски воени партнери во Софија
Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска учествува на Конференцијата на стратегиски воени партнери во Софија, Бугарија, на која учествуваат началници на генералштабовите од армиите на земјите членки на НАТО, ПзМ, Медитеранскиот дијалог, Истанбулската иницијатива за соработка, глобалните партнери, како и високи претставници на команданта структура на НАТО.
Во фокусот на конференцијата се НАТО и партнерството, непредвидливите закани и актуелните жаришта кои ја загрозуваат светската безбедност, предизвиците кои претстојат и понатамошно доизградување на партнерските основи како во евро-атлантската безбедносна зона, така и пошироко на глобално ниво, а се дискутира и за зајакнатата улога на НАТО во правец на соработка на критични регионални партнери и нивниот придонес кон меѓународните операции, меѓусебната интероперативност во меѓународните операции, заедничките интереси и предизвици во одбранбената политика на НАТО и земјите партнери, како и меѓусебната соработка со цел изградба на респектабилни капацитети и способности.
Предвидено е генералот Котески да оствари средби со повеќе негови колеги-учесници на форумот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа