„Младите се запознаваат со нивните права и слободи“
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска се одржува „Конференција за интеграција на младите и запознавање со нивните права и слободи“ организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Конференцијата ќе започне во 12 часот.
Еднодневниот настан „Конференција за интеграција на младите и запознавање со нивните права и слободи“ има за цел поголема информираност и запознаеност на младите со нивните права и слободи потребата за интеграција на младите и запознавање со нивните права и слободи, нивна поголема заштита и практикување во секојдневниот живот и посочување на потребата од интеграција помеѓу младите на повеќе основи и нивоа преку едукација
Настанот ќе содржи низа предавања кои ќе бидат од областа на интеграција и областа на младински права и слободи. По секое предавање ќе има простор посетителите да поставуваат прашања за предавачите. После предавањата ќе следат филмски проекции кои ќе поттикнат дискусија помеѓу учесниците и предавачите. Ќе следи и презентација на Советодавниот сервис за права на млади, простор каде младите во секое време ќе можат да постават прашање поврзано со нивен проблем и да добијат одговор во рок од 7 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа