Лавров: Русија високо го оценува српскиот став за обединета Европа

Русија високо го оценува ставот на Србија насочена кон обединување на Европа, а не кон поделби, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој пристигна во дводневна посета на Белград.

Лавров беше пречекан на аеродром од српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

- Се надевам дека за време на посетата ќе можеме да ги разгледаме сите прашања поврзани со билатералните односи. Имаме многу стратешки и економски проекти, како и проекти во хуманитарната сфера. Убедени сме дека сето тоа е во интерес на рускиот и српскиот народ. И се разбира, меѓународните и регионалните проблеми се на дневен ред. Тоа е Балканот, активностите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, со која в година ќе претседава Србија. Сакаме во рамките на Европа да нема линии на поделби, посочи Лавров.

Дачиќ истакна дека Србија и Русија потпишаа декларација за стратешко партнерство и оти во тој дух сакаат да ги развиваат односите.

За време на посетата на Белград Лавров ќе се сретне и со премиерот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ.

16.06.2014 - 20:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега