Лидерите на опозицијата во Косово се договорија за обединување во една парламентарна група

Лидерите на Лидерите на Демократски сојуз за Косово, Иса Мустафа, на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај и на Иницијатива за Косово, Фатмир Лима денеска се договорија да дејствуваат како една парламентарна група во косовскиот Парламент, објави пришинскиот весник „Експрес“.

Весникот наведува дека заедничкото дејствување ќе овозможи опозицијата да го добијат местото претседател на Парламентот.

„Експрес“ повикувајќи се на неименувани извори истакнува дека тројцата партиски лидери дополнително ќе го договорар составот на идната влада, како и поделба на министерските места.

Весникот изминатите денови објави дека тројцата партиски лидери се договориле нов премиер на Косово да стане Рамуш Харадинај, претседателот на Алијансата за иднина на Косово и поранешен лидер на Ослободителната војска на Косово.

16.06.2014 - 19:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега