Компаниите имаат потреба од средно-стручен кадар со посебни вештини

Раководствата од компаниите побараа од македонската Влада поажурни реформи во образованието со цел да се произведат квалитетен средно-стручен кадар кој ќе има посебни вештини, место преквалификација на младите луѓе. 

Од таму сметаат дека потребно е создавање на виши школи и запишување на постдиплмски студии по минимум од 2 до 3 години минати во реалниот сектор. 

Бизнис секторот укажува дека голем проблем е и мобилноста на работната сила поради лошата мрежа на локални патишта што резултира со нула стапка на невработеност во некои општини за сметка на други каде речиси никој не е вработен. 

- Се наоѓаме во критична фаза која бара да се направат клучни промени. Произведуваме кадар иделаен за напуштање на државата. Особено загрижуваат амбициите за забрзан економски развој од 3-6 отсто во наредните четири години. Тоа ги става компаниите во прилично комплицирана позиција зашто недостига соодветна работна сила, според нивните потреби. Од анкетираните фирми, преку 60 проценти се изјасниле дека бараат средно-стручен кадар, а неполни 10 отсто високообразован - истакна денеска на прес-конференција Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора. 

16.06.2014 - 17:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега