Утре невреме во Македонија

 

 

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и наместа со повремен засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на град. Преку денот ќе дува слаб претежно југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

 

16.06.2014 - 16:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега