Лани дипломирале 8,8% помалку отколку во 2012
9.480 лица лани дипломирале на додипломските студии на високите стручни школи и факултетите во Македонија. Оваа бројка е за 8.8 отсто помала од 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика.
На државните високообразовни установи дипломирале 7.307, на приватните 2.144 и на верските факултети 29.
Според податоците на ДЗС, од вкупниот број дипломирани, 82.3 проценти се редовни, 17.7 проценти се вонредни студенти. Процентот на дипломирани жени е 56.3.
40 % дипломирале во рок, додека останатите 60 проценти дипломирале по предвидениот рок.
16.06.2014 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа