И оваа година многу работа за спасувачите во Охрид

 

Црвениот крст од Охрид ги мобилизира  своите капацитети во текот на летната туристичка сезона. Спасителите се во полна кондиција и се подготвени да излезат во пресрет на сите барања на концесионерите. Со дел од нив имаат потпишано договори но останатите се уште не пројавиле интерес за обезбедување на капалиштата.

Изминативе три години спасителите имаат полни раце работа околу 30 интервенции на давеници секое лето на охридско-струшкиот регион но за среќа ниту еден со фатален исход.

Инаку Црвениот крст е единствена организација којашто со закон е одредена да оспособува кадри и да организира безбедност на вода и спасување во туристичките региони. Екипата на спасители брои над 250, а со обуката која што е во тек ќе биде зголемена за уште 30 до 40 спасители на вода.

14.06.2014 - 22:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега