Груевски: Подавам рака до СДСМ
Премиерот Никола Груевски, истакна дека на политичката сцена мора да се „закопаат секирите“ и да се намали јазот на политичките конкуренти.
Во таа насока, Груевски подвлече дека СДСМ мора да почне да учи од своите грешки, зошто сега е пратија која не нуди решенија и поради омраза и лични фрустрации ги обвинуваат сите освен самите себе.
-Беа во Брисeл, им кажаа и таму дека бојкотот не е решение и дека ова е лошо за државата и време е да сфатат дека не може вака. Ова мора да престане. Ова е лошо за државата и за секој нејзин граѓанин и самите тие го знаат тоа, подвлече Груевски.
Премиерот на Македонија му порача на СДСМ дека е подготвен да им помогне да излезат од „кашата“ во која се сега.
-Јас сум спремен да им понудам пакет кој ќе ги адресира сите нивни грижи, исто како што прифативме , на нивно барање и она понижувачко обележување со мастило, само за да се убедат дека нивниот неуспех не лежи во тоа. Единствено што барам од нив е да престанат со ова деструктивно однесување за државата и за сите граѓани во неа. Јас подавам рака, нивно е дали ќе ја прифатат. Македонија мора да оди напред, а СДСМ мора да се однесува одговорно, порача Груевски.
Тој додаде дека се силни и дека не се плашат да подадат рака за доброто на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа