Груевски: Отворањето нови работни места останува наш приоритет

 

Економијата и отворањето нови работни места остануваат во нашиот фокус. Токму затоа, новиот состав на Владата е дополнително засилен со двајца нови министри чија примарна задача е привлекување на инвестиции.

Oва денеска го истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето на 23-тата годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

- Точно знаеме што сме ветиле и нагласувам дека секој член од оваа влада знае дека од ветеното не смее да има отстапување. Мора да се вложат и последните атоми од силата да се реализира она што сме го ветиле. Тоа што е ветено нема назад, тоа е нашата девиза и така ќе продолжиме. Мора да се испорача ветеното. Тоа е нашата работа сега, рече денеска Груевски.

Првиот човек на македонската Влада нагласи дека продолжува интересот на странските инвеститори за вложување во земјава.

- Очекуваме реализација на повеќе инвестиции. Секоја недела примам виски претставници на крупни корпораци кои се дојдени да испитаат што е тоа што во последно време почнува да ја прави Макеоднија хит меѓу инвеститорите и покрај тоа што земјата не е членка на ЕУ и НАТО. Заинтересираните инвеститори по средбите со мене одат да разгледуваат локации. Тоа потврдува дека оваа земја, овој народ има иднина, невработеноста ќе продолжи да се намалува со посилно темпо, рече Груевски.

Премиерот потенцираше дека дадената доверба е најголемиот репер и потврда за патеката по која одат, која, како што рече, не е лесна, има потешкотии, но патека низ која цврсто се решени да чекорат, затоа што, како што наведе, имаат план и мисија, имаат сила.

Добиената доверба, рече Груевски, покажува дека народот прави разлика и се одлучи за напредок.

14.06.2014 - 15:06
Фото: 
Kurir.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега