УЈП ќе ги “тресе“ кафулињата за време на Мундијалот
Мобилните екипи на УЈП летово ќе вршат засилени контроли за фискализација. Од Управата најавуваат дека контролите ќе бидат особено засилени во периодот на времетраењето на светското фудбалско првенство и летните манифестации кои ќе се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегистрирање на готовинскиот промет.
Со цел превентивно да делува субјектите редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, УЈП од вчера започна со засилени контроли во гевгелискиот регион, каде поради откриени неправилности во финансиското работење запечатени се осум објекти. Затворени се и два објекта во Кавадарци и еден во Неготино во период од 15 дена, а на фирмите и одговорните лица изречена им е глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност.
Од Управата апелираат обврзниците да го регистрираат прометот и да издаваат фискални сметки, со цел објектите да не им бидат затворени, а со тоа и да не можат да вршат дејност посебно во овој период кога се очекува зголемување на прометот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа