Разбиена албанско – косовска меѓународна шверцерска група

Во голема полициска акција реализирана во Албанија и на Косово разбиена е меѓународна шверцерска група и запленета поголема количина дрога.

Освен седумте килограми кокаин,запленети на преминот Морина на албанско-косовската граница, албанската полиција во село во близина на градот Мамурас заплени 50 килограми кокаин, 18 килограми хероин, 150 килограми марихуана, 850 литри течност која се користела за мешање на дрогата, апарати и средства за пакување. Запленет е и блиндиран автомобил марка „БМВ“,како и девет парчиња огнено оружје, три снајпери, гранати и експлозив.

Според медиумите во Косово членови на бандата се притворени и кај истите запленети се над 50 килограми кокаин и повеќе килограми други полесни дроги.

Акцијата на полициите продолжува.
 
Во средата во вечерните часови на тиранскиот аеродром уапсен е колумбиски државјанин при обид за замине за Шпанија. Постојат основани сомненија дека е вмешан во шверцот на 250-те килограми кокаин запленети деновиве во црногорското пристаниште Бар. Кокаинот  бил скриен во контејнери со банани, за кои испорачателот бил од Еквадор, а нарачателот - компанија од Албанија. 

13.06.2014 - 09:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега