Исчезна 29- годишна девојка од битолско

 

29-годишната Јетмира Асановска од село Братиндол се води како исчезната.

Таа  последен пат е видена во вторникот, 10 јуни, во 19 часот кај бензинската пумпа Макпетрол кај Довлеџик, а се движела кон градот.

Во моментот Јетмира носела розова маица, фармерки и кратки зелени гумени чизми, а косата и била фатена во репче.

Семејството апелира до сите оние кои ја виделе досега, ќе ја забележат во иднина или пак за било какви други информации поврзани со Јетмира да се јават на телефоните 070/449-089 и 075/715-449.

12.06.2014 - 19:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега