Попоски со свое обраќање на Самитот во Лондон

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска на покана на шефот на британската дипломатија, Вилијам Хејг, учествуваше со свое обраќање на Глобалниот самит „Запирање на сексуалното насилство за време на конфликт: Лондон 2014“кој се одржува од 10 до 13 јуни 2014 година во Лондон.

Попоски во своето излагање стави  акцент на еден од аспектите, значајни за запирање на овој негативен феномен, односно на зајакнувањето на политичката, економската и општествената вклученост на жените, особено кога станува збор за мирот и безбедноста.

На самитот учествуваа високи владини претставници од земји кои ја имаат прифатено Декларацијата за обврзување за запирање на сексуално насилство за време на конфликт, како и претставници на меѓународни организации и национални и меѓународни експерти од правната, воената, хуманитарната, судската и граѓанската сфера.

Настанот претставува најголемо собирање, посветено на оваа тема досега, со цел да се поттикне координацијата на меѓународните напори и да се создаде неповратен моментум кон запирање со употребата на сексуалното насилство во конфликти.

На маргините на Самитот, Министерот Попоски оствари повеќе средби со Министри за надворешни работи.

 

Министерот Попоски одржа и предавање во престижниот  London School of Economics посветено на економските реформи на земјата, во контекст на евроатланските перспективи на Регионот.   Во своето излагање  тој даде акцент на повеќе аспекти на политиките за економски развој на Република Македонија, како трговска отвореност, привлекување на  странски  инвестиции, нови технологии и квалификувана работна сила.  Економските реформи бараат стабилна и предвидлива политичка клима, истакна Попоски.

 

На крајот на предавањето Министерот Попоски одговараше на повеќе прашања од присутните, поврзани со приоритетите на надворешната политика на Република Македонија, односите со соседите, како и со справувањето со актуелните економски   и политички предизвици на земјата и  Регионот.

12.06.2014 - 15:22
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега