ФОТО: Мундијалот ги смени животите на татко и син - еве што се случило

Светското првенство во фудбал е најголемото спортско натпреварување на планетата, а го смени животот и на татко и син. 

-Ова е мојата приказна, вистинска приказна за која секое дете и секој родител сонува. Приказна полна со сила, волја, ветување и родителска љубов, вака приказната ја започнува 30-годишниот Србин Немања Стојановиќ кој сонува во живо да ги гледа Драган Стојковиќ Пикси и Југославија на Мундијалот, но и оној кој 16 години сакал да му се реваншира на татка си за веувањето кое го исполнил во 1998 година.

-Имав 12 години кога повеќе тренирав фудбал отколку што мислев на училиштето. Моите родители Милка и Небојша ми дадоа понуда која не можев да ја одбијам. Бидејќи во тоа време имав четири единици на училиште, нешто мораше да се превземе. Едн ден читав списание и видов рзочарувачки наслов како мојот идол Пикси по Мундијалот во Франција ќе се збогува од националниот дрес. Почнав да плачам знаејќи дека никогаш нема да го видам во живо како игра. Кога видоа колку го посакувам тоа, родителите му понудија во замена за добри оценки, две карти за Мундијалот и натпреварот Германија-Југославија, раскажува Немања.

Завршив шесто одделение како многу добар, па татко му во еден ресторан во Белград му ги покажал двете карти за Мундијалот: - 

Плачев од среќа и неверување. На натпреварот со Германците мојот идол Пикси постигна гол. Мојот голем татко по натпреварот ми рече: „Сега кога сме тука и кога ја постигна големата цел, вети ми дека кога ќе пораснеш и ти мене ќе ме однесеш на Мундијал“. Реков дека ќе го направам тоа, вели Немања.

-Пред три години почнав да го барав своето место под сонцето, прво на Малта, на во Катар и на крај во Емиратите каде сум сега. Во меѓувреме татко ми доживеа инфаркт. Ништо не укажуваше на тоа дека јас и тој еднаш повторно ќе се најдеме во мундијалската приказна. Кога минатата година бев на одмор во Србија, татко ми читајќи ги весниците ја виде плажата Копакабана и рече „Човече како изгледа овој Рио, мислам дека сонот на секој маж е да оди таму“. Молчев и го имав на ум ветувањето кое му го дадов пред 15 години. Одлучив преку интернет да купав две карти за бразилската „Маракана“ и му пратив мејл на татко ми во кој само пишуваше „Рио и Копакабана не чекаат“, ја завршува Немања својата мундијалска приказна.

12.06.2014 - 15:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега