Јолевски се опрости од американските политичари

 

По номинацијата за министер за одбрана во идниот состав на Владата, амбасадорот на Република Македонија во Вашингтон Зоран Јолевски изминативе денови организира серија проштални средби и консултации со американските политичари и аналитичари.

Македонската амбасада вчера приреди работен ручек за поголем број претставници на американските власти, како и поранешни функционери, експерти и аналитичари. Главна тема на разговор на средбата беа достигнувањата во реформите во одбранбениот сектор, плановите за натамошно модернизирање на АРМ, претстојниот самит на НАТО во Британија, и улогата на Македонија во регионалната одбранбена соработка, додека денеска амбасадорот Јолевски присуствува на работен ручек во негова чест во Конгресот, организиран од страна на конгресменот Роберт Адерхолт, член на Комисијата за одбрана, на кој ќе ги информира претставниците Конгресот за плановите за негово делување како министер за одбрана. Во петок е предвидена работна средба во Пентагон.

Во саботата Јолевски имаше телефонски разговор со специјалниот пратеник на Обединетите нации за надминување на разликите со името Метју Нимиц, при што го информира за неговата номинација за министер за одбрана, при што се договорија да продолжат подготовките за неговата планирана посета на Македонија и Грција која беше договорена за време на последната рунда на разговори во Њујорк на почетокот на мај.

Амбасадорот Јолевски на Нимиц му пренел дека Република Македонија останува искрено посветена на  процесот за изнаоѓање на заемно прифатливо решение, кое ќе го заштити идентитетот и дигнитетот на македонските граѓани.

12.06.2014 - 14:41
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега