Била заробена две години - рушеле ѕид за да ја спасат бидејќи тежи 400 килограми!

Шерол Хал Донсон, 54-годишна Американка, две години била заробена во својата спална соба. Пред неколку денови таа конечно излезе од неа и почуствува чист воздух.

Благодарение на големиот број волонтери, оваа жена која тежи цели 400 килограми, била извлечена од собата, па сега ќе може да ужива во поголема дневна соба и да се радува на светлината на денот. 

Акцијата за извлекувањето на Донсон била планирана цели шест месеци, а не можела да биде извршена без да се срушат ѕидовите на куќата каде живее. Во акцијата учествувале голем број лекари, пожарникари и градежници, кои се решиле да и помогнат на Американката да може да живее како секој нормален човек. 

Таа упати благодарност до сите и изјави дека ќе се потруди да ја намали тежината за еден ден повторно да може да оди и да се радува на животот.

12.06.2014 - 14:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега