„Тедико“ сепак не ги затвора маркетите
Маркетите на „Тедико“ денеска или утре ќе бидат затворени и фирмата ќе оди во стечај. Ова се шпекулациите кои деновиве кружат во јавноста, а кои сопственикот на маркетите, Раде Трајковси, ги оценува како комплетно невистинити, пренесува Нетпрес.
-Да, точно е дека во моментов имаме финансиски потешкотии, на неколку пати маркетите ги вративме во живот. Но, не е во ред да се шират вакви дезинформации. Најтрагично е тоа што тие доаѓаат токму од самите вработени. Јас како сопственик немам намера да затворам ниеден маркет и одговорно тврдам дека „Тедико“ ќе продолжи да работи, вели Трајковски за Нетпрес.
Маркетите на „Тедико“ се најдоа на финансиската листа која вчера ја објави Управата за јавни приходи. Тие и должат на државата за неплатен данок 1.618.957 денари или 26.325 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа