ВИДЕО: Битола зафатена од песочна бура
Попладнево Битола ја зафатила песочна бура, небото било темно речиси два часа, а силен ветер дувал од северен правец со брзина до 70км на час, јави ТВ Орбис, а податоците ги потврди и Управата за хидрометеоролошки работи.
Освен податоците за ветрот, од УХМР бележат брз пад на температурата која во 13 часот изнесувала 31 степен, а во 17 часот се спуштила на 24 степени.
11.06.2014 - 20:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа