ФОТО: Груевски се сретна со високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства

 

 

 

 

 

 Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со Астрид Торс, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства.

 На средбата се разговараше за повеќе теми од областа на заедничката соработка, реформите, мултиетничкото општество и етничките заедници, како и имплементација на критериумите и реализација на проектите кои се во насока на унапредување на довербата.

 Премиерот Груевски истакна дека Владата посветено вложува напори и спроведува мерки за промовирање на интеграцијата на различните етнички заедници во сите области од животот со цел осигурување на долгорочна кохезија на македонското општество. Притоа посочи дека образованието е основен елемент во овој поглед и според тоа неговиот развој и унапредување ќе продолжи да биде еден од приоритетите на новата Влада.

 Премиерот Груевски ја реафирмираше посветеноста на Владата на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор при што беше посочено дека е постигнат значителен напредок во областите на правична застапеност на сите етнички заедници, што допринесува за градење на меѓусебна доверба и насочување на капацитетите кон постигнување на општествен напредок. На средбата стана збор за актуелните предизвици и начините за нивно надминување што дополнително ќе придонесе за релаксирање на односите за што е потребна ангажираност на сите релевантни чинители и дејствување во насока на нивно надминување. 

 Премиерот Груевски истакна дека Владата останува посветена на јакнење на капацитетите на институциите и поддршка на процесите кои ќе значат унапредување на состојбата. Тој посочи дека Македонија ќе продолжи да соработува со Торс и нејзината Канцеларија и да се потпира на нивната експертиза во оваа област, за што ја изрази својата благодарност.

11.06.2014 - 16:12
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега