ФОТО: Трогателната приказна на Инес и Анте ќе ви ја врати вербата во љубовта

Кога сме заедно не постојат препреки, нема скалила кои заедно не можеме да ги искачиме низ солзи раскажува Инес Бушиќ, која пред два дена ја прослави 2-годишнината од бракот со својот партнер Анте Бушиќ.

 

Пред точно 8 години, Анте доживеал трагична несреќа, по која останал инвалид до крајот на животот со што неговиот живот преку ноќ се променил. Одеднаш му биле ускратени многу работи, тој повеќе не можел да игра тенис, фудбал...изгубил многу, но добил една навистина вредна работа: партнер за целиот живот и вистинска љубов.

Неговата животна парнерка, Инес долго време имала симпатии за Анте додека заедно студирале на факултет во Загреб, но тогаш не биле зедно. Се се’ променило, токму во таа кобна ноќ на 31 јули 2006 година.

Таа кобна вечер Анте возејќи го својот автомобил, изгубил контрола додека возел и излетал од патот. Него го пронашле на 20 метри од несреќата, а животот му бил во опасност и останал во кома 15 дена.

Судбоносно, тој се разбудил на денот на роденденот на неговата драга пријателка од факултет.

- Од тој ден Инес е мојата десна рака. Ми беше мноу тешко кога дознав дека ќе останам инвалид до крајот на мојот живот... Јас не сум човек кој сака да седи на компјутер. Јас ја сакам кошарката, тенис, особено фудбал. Активно спортував додека живеев во Австралија и тука во Загреб додека студирав играв за еден клуб. И тогаш, наеднаш мојот живот се преврте наопаку. По несреќата следеа многу операции, рехабилитација, а Инес постојано беше до мене, објаснува Анте за својот однос со Инес, која во тој период се уште му била само пријателка.

-Во тој период се зближивме, па по осум месеци од трагичната несреќа започна нашата љубовна врска. Станавме дечко и девојќа, објаснила Инес со насмевка на лицето.

Инес смета дека нивната љубовна приказна не би била поинаква од било која друга, ако не им се случила таа трагедија.

Парот за себе смета дека се обичен пар, кој со заеднички сили ги поминува најтешките препреки во животот.

-Не ја гледам неговата количка, само неговата љубов, објаснува Инес.

 

 

11.06.2014 - 15:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега