Тренд на преминување пасивни во активни баратели на работа

 

Во Агенцијата за вработување моментно се пријавени 101.400 активни баратели на работа и 114.000 пасивни, но има добар тренд на преминување во активни, бидејќи ги видоа предностите од активните политики  и можностите  за вработување. Тоа го изјави денеска директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Петнаесеттата дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување е лоцирана во зградата на Општина Гази Баба. Жителите на општината ќе добиваат услуги  од 08:30 до 16:30 во работните денови. Ќе може да се информираат за активните мерки за вработување, како и  да пријават невработеноста,  да добијат информации за вработување, слободни работни места...

-  Наша цел е поголем  дел од институциите да бидат присутни  во кругот на општината затоа што ќе дојдат  за обврски или земање документи  да си завршат и дополнителни работи без да се шетаат  на повеќе локации. Досега  за да отидат до Агенцијата  за вработување требаше да одат со два автобуса или да поминат подолг пат пеш, а сега ќе можат  тоа да го направат директно во канцеларијата на Гази Баба, изјави Трајковски.

11.06.2014 - 14:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега