Шеќеринска не го признава Собранието а од него бара апанажа
Комисијата за избори и именување го одобри барањето на пратениците кои не добија нов мандат за апанажа по престанокот на функциите. Голем број пратеници во наредните 12 месеци доколку не си најдат ново работно место седејќи дома ќе примаат по 1000 евра од буџетот. Меѓу нив е и заменик претседателот на СДСМ, Шеќеринска, која пред истекот на рокот, го поднела барањето за апанажа. Членовите на Комисијата за избори и именувања рекоа дека се законски обврзани да ги прифатат барањата, но како што истакнаа потегот на Шеќеринска, или е врв на лицемерието или пак промена на политиките на СДСМ во однос на бојкотот на институциите.
- Шеќеринска не го признава Собранието, но тоа не е проблем за да прима по 1000 евра месечно од него. Таа не го признава нашиот избор за пратеници но го признава нашиот глас за парите кои треба да ги земе, изјави пратеничката Силвана Бонева.
Пратниците на ДУИ со став дека местото на опозицијата е во собраниските клупи и го повикаа раководството на СДСМ, да го смени одлуките, и да ги врати избраниците на народот во законодавниот дом. Последниот рок до кој опозицијата може да донесе одлука и да се врати во Собранието истекува на 18 јуни, за кога е закажана пленарната седница на која согласно законот Парламентот мора да ги потврди оставките.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа