Го изрешетал пријателот во преполн ресторан - детали за убиството во Чачак

Жељко Ивановиќ од Чачак со куршуми од пиштол го уби сограѓанинот Александар Маријановиќ-Саша во кафеана. Целата ситуација била предвреме испланирана. Убиецот го повикал својот пријател, во кафеана за да му ги побара парите кои му ги должел, така што ако не ги добиел парите, веднаш имал план Б да го усмрти.

Убиецот седел со својата девојка и брат му во дворот на кафеаната, а по извесно време  им се придружил и Маријановиќ, но тие седеле и разговарале, па така ништо не навестувало дека ќе се случи грозоморното убиство. Ивановиќ го извадил пиштолот од џеб и со неколку куршуми го убил својот должник, а откако полицијата пристигнала на местото на настанот, убиецот создал паника, заканувајќи се дека ќе го разнесе ресторанот со бомба, пренесе Блиц.рс.

Ивановиќ е сопственик на најголемата такси компанија во Чачак наречена „Ас такси“ во која Маријановиќ поседувал 13 возила.

11.06.2014 - 10:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега