„Летeн кампус 2014“ на Криволак

 

Во Криволак денеска свечено ќе биде отворен „Летниот кампус 2014“ кој ќе трае до 20. јуни во центарот за обука „Пепелиште“ и на армискиот полигон „Криволак“.

„Летен кампус 2014“ се одржува по петти пат и ќе им овозможи на питомците од осум земји од регионот и пошироко, меѓу кои и од САД, Германија и Турција, да се запознаат и стекнат со теоретски и практични знаења на полето на одбраната и безбедноста, особено со менаџментот со одбранбените ресурси во демократските општества.

Свое обраќање на свеченото отворање на кампусот ќе има заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев.

11.06.2014 - 08:33
Фото: 
Алфа
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега