Лустриран поранешен министер за внатрешни работи

 

Екс министер за внатрешни и надворешни работи е лустриран како наредбодавател, информираат од Комисијата за верификација на фактите.

Во времето кога бил прв човек на полицијата, издавал наредби за кодошење на политички неистомисленици и лица кои во тој период формирале или членувале во други политички партии. Поранешниот министер во моментов е професор на Правниот факултет.

Лустрирани се уште две лица , едниот како наредбодавател и информатор а другиот само како информатор. За шестмина е донесена одлука но дали нивните имиња ѓе бидат јавно објавени ќе се знае откако лустраторите ќе утврдат дали тие сеуште се живи.

Само за едно лице кое се најде на денешниот дневен ред била доенесена одлука дека не бил соработник на тајните служби.

 

најчитано сега