Хуманитарна работилница во скопско „Браќа Миладиновци“

 

Во скопското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Аеродром денеска ќе се одржи хуманитарна ликовна работилница под мотото „Со цвеќе до мир и хуманост“

Настанот е од хуман карактер, а гостин ќе биде познатиот македонски сликар Живко Поповски-Цветин, кој заедно со учениците од одделенска и предметна настава ќе сликаат рози кои потоа ќе се продаваат по симболична цена. Средствата кои ќе бидат собрани ќе се донираат за хуманитарни цели.

Група ученици ќе се претстават со литературно читање на песни „Со песна до мир и хуманост“ и со тоа ќе испратат порака до сите луѓе за негување на хуманоста и мирот.

Во водите на Вардар од мостот кај Транспортен центар ќе биде пуштена порака за мир „Со детескиот свет за мир, хуманост, солидарност...“.

ХУманитарната работилница ќе го означи крајот на наставната година и почетокот на летниот распуст. 

10.06.2014 - 08:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега