Изборен митинг на Македонците во Пустец

 

Ова е историска прилика Македонците во Албанија да добиеме пратеник во албанскиот Парламент, истакна претседателот на МАЕИ, Едмонд Темелко, на првиот митинг, што синоќа се одржа на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец.

Тој изрази надеж дека ќе ја остварат целта, а со тоа, подвлече, ќе покажеме дека сме фактор во Албанија, посебно во деловите каде што има концентрирано повеќе Македонци.

- Повторно коалицираме со Бериша, поточно со 25 партии, затоа што тоа што го вети досега го исполни, а вети и поддршка за локалните избори, рече Темелко.

Македонска Алијанса ќе настапи со свои 86 кандидати во сите 12 изборни единици, но најмногу шанси за освојување на пратеник има во Регионот на Корча, каде носител на листата е Др. Валентина Нестор по потекло од Пустец, лектор по македонски јазик при Универзитетот во Тирана.

- Со добивање на Македонец пратеник во парламентот ќе има човек кој ќе ги штити интересите на Македонците во Албанија. Сега е моментот да се обединиме, истакна Валентина Нестор.

На митингот се обратија и носителите на листи за Елбасан, Тирана, Пешкопија, Кукс и Драч.

Македонска Алијанса ќе настапи под слоганот „Обединети и интегрирани“, а на гласачкото ливче ќе биде под број 63.

фото: Кајгана

најчитано сега