Се менува законот: Ако одите на боледување ќе земате уште помала плата

 

Поскапеа боледувањата до 15 дена кои ги издаваат матичните лекари, а се на товар на работодавците. Така, ако порано за отсуство од работа до две недели, на работникот му се кратеше 20 отсто од платата, сега за истото тоа боледување му се одбива 30 отсто од месечните приходи, или за боледување до 15 дена се исплаќа 70 отсто од платата. Со новите измени во општиот колективен договор што работодавците го договориле со Синдикатот и Владата кон крајот на минатата година, и веќе се применуваат во практиката, во сегментот на надоместоците за боледување до 30 дена кои се на товар на фирмата, повеќе нема 80 отсто исплата на плата, кое важеше за боледување до 15 дена. Односно најновиот колективен договор познава само 70 отсто плата за боледување до 15 дена и 90 отсто плата за боледување над 15 до 30 дена, пишува Утрински весник.

Или изразено во пари, ако работникот зема просечната плата од 21.000 денари доколку во месецот во кој бил на боледување има 21 работен ден, за отсуство од работа до 15 дена, му се одбиваа 3.300 денари. Додека за истото тоа боледување со старите правила од платата му се кратеа 1.000 денари помалку, или му се одбиваа 2.200 денари. Пред да стапат во сила новите измени, 30 отсто од платата се одбиваше само за боледување до седум дена, и како растеше бројот на денови за боледување така се намалуваше процентот на одбивање на платата заради отсуство од работа поради болест

 

 

09.06.2014 - 22:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега