Екстерното тестирање во Кавадарци тече без проблеми

 

Без проблем се одвива екстерното тестирање во средните и во основните училишта во Кавадарци, соопшти денеска Атанас Шиков, советник за образование на кавадаречкиот градоначалник Александар Панов и овластен просветен инспектор.

- Како што веќе беше најавено тестирањето се врши со компјутерски тестови кои не се тешки, а ги решаваат ученици од 4. до 8. одделение и средношколци. Направен е распоред кои ученици по кои предмети ќе полагаат екстерен тест и засега нема некои поголеми проблеми. Тестирањето започна во сите училишта и ќе трае до 10 јуни, рече Шиков

најчитано сега