Маџиров на фестивал во Фиренца

 

Македонски поет Никола Маџиров, учествува на 12. меѓународниот поетски фестивал „Вочи лонтане, вочи сореле“, кој се одржува во Фиренца.

Маџиров утре ќе настапи заедно со италијанскиот поет Нани Белестрини (1935), припадник на неоавангардното движење во италијанската литература во шеесеттите години од минатиот век.

Поезијата на Маџиров ќе се чита на македонски и италијански јазик. Негови песни беа објавени во неколку италијански поетски списанија, меѓу кои „Ателје“ и „Поесиа“.

По Фиренца, Никола Маџиров оди во Софија, каде ќе настапи на Меѓународниот фестивал за поезија, музика и визуелни уметности „Софија: Поетики“ што се одржува од 13 до 15 јуни.

09.06.2014 - 08:39
Фото: 
strumicadenes
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега