Македонија го одбележува Светскиот ден на акредитацијата

 

Институтот за акедитација денеска под мотото „Акредитацијата: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија“, ќе го одбележи Светскиот ден на акредитацијата.

Свое обраќање на настанот ќе имаат генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“ Дејан Бошковски, претседателот на Советот на ИАРМ Борче Размоски и директор на ИАРМ Трпе Ристоски.

Ќе бидат промовирани Годишниот извештај за работа на Институтот за акредитација за 2013 година и видео запис за Институтот.

На свеченоста ќе бидат доделени 32 сертификати на акредитирани и реакредитирани тела за оцена на сообразност во периодот јуни 2013-мај 2014. 

09.06.2014 - 08:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега