ФОТО:100 годишната баба Милева пушти во употреба чешма во штипско
Баба Савка Милева која има точно 100 години, иако со ситни чекори, сепак со голема упорност ја пресече лентата и се напи вода од стар бардак, од реконструираната чешма во селото Сарачиново, која е лична донација од градоначалникот на Штип Илчо Захариев. Сопромовирање на реконструираната Чешма, градоначалникот Захариев во рок од три дена пушти три објекти: реконструираниот пат од 2 километри во Три Чешми, еко-локацијата „Езерце“ во Три Чешми и чешмата во Сарчиево. Претходно, ваква чешма Захариев обнови и во селото Судиќ.
ФОТО: Курир