Груевски: Економијата и евроинтеграциите остануваат владин приоритет
Премиерот Никола Груевски денес најави дека економијата и евроинтеграциите остануваат приоритет за македонската Влада.
Тој додаде дека силен фокус ќе имаат и на сите други сектори.
- Приоритетите како што неодамна кажав во моето интервју за МИА се поврзани со економија и евроатланските интеграции, но се разбира со силен фоскус на сите други сектори. Отворањето на нови работни места, привлекувањето на странски инвестиции, охрабрувањето и помагањето на домашните да инвестираат, земјоделството, образованието и здравството - сето тоа е дел од фокусот на идниот владин состав, појасни Груевски по промоцијата на 12 нови наслови од проектот за превод на 1000 стручни и научни книги од кои се учи на врвните светски универзитети.
Груевски потенцира дека во фокусот на Владата ќе останат и сите други сектори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа