Во Дојран се јаде и се пие “на големо“
Во Нов Дојран денеска се одржува фестивалот „Дојран гурман фест“. Посетителите можат да уживаат во специјалитети од крап, перкија, белвица и сом, но и многу други уникатни рецепти кои се наоѓаат на менито.
Посетителите ќе можат да пробаат и најразлични традиционални пекарски производи од дојранското поднебје.
Како што најавија организаторите, манифестацијата ќе има и забавен дел за кој се задолжени домашни естрадни уметници.
Според градоначалникот Борче Стамов, Дојран со голема гордост организира вакви настани бидејќи преку нив докажува дека води грижа за традицијата и наследството кои се од големо значење за општината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа