Што ќе се случува денеска во Градскиот парк?
Во Градскиот парк денеска ќе се одржи манифестација „Читањето и математиката се забавни“, со која ќе се одбележи крајот на учебната година за ученици од почетните одделенија во основното образование.
Манифестацијата ќе понуди библиотека на тркала полна со сликовници, книги и ресурси достапни за користење, заедничко читање сликовници и учество во забавни математички игри со актерите Гораст Цветковски и Амернис Нокшиќи, читачко, математичко, лилковно и катче за размена со книги и сликовници....
„Читањето и математиката се забавни“ е дел од проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, што го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ - Македонија. Целта е да се подобрат јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, да се подобрат педагошките вештини на наставниците и да се подигне свеста за важноста на раното описменување кај учениците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа