Летаат казни за клиниките кои не услужиле пациенти

 

Фондот за здравство почна да ги казнува клиниките кои не го почитуваат „Мој термин“ и не услужуваат пазиенти.

12 јавни здравствени установи заработија парични казни од 75.000 и 150.000 денари бидејќи не ги почитувале новите правила и неоправдано вратиле кај матичните лекари 26 пациенти, пишува Дневник.

-Од средината на април специјалистите може да креираат упати со важност и до една година за пациентите да не мора да одат повторно кај матичниот лекар. И за итните случаи не треба упат од матичниот, туку го издава здравствената установа што го примила пациентот, потсетуваат од Фондот за здравство, пренесува Дневник.

Ако пациент кој има хронични заболувања треба да биде хоспитализиран, дозволено е специјалист да му издаде и упат за болничко лекување. 

Според матичните лекари, проблемите со упатувањето се создаваат бидејќи се уште е мал бројот на специјалисти кои сами закажуваат контроли.

07.06.2014 - 10:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега