Прием на учесниците на Балканската конференција на збратимени градови

Вчеравечер во Министерството за надворешни работи, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски одржа средба и прием со учесниците на Балканската конференција на збратимени градови.

На приемот покрај учесниците во Балканската конференција на збратимени градови, присуствуваа и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски, Претседателот на Корпорацијата на збратимени градови на Темпи, Ричард Њухајзел, Претседателот и Извршениот директор на Систер ситиес интернејшенл, Мери Кејн, Претседателот на Бордот на Систер ситис интернејшенл, Томас Лиск, членови на советот на Град Скопје, како и претставници од Владата на Република и единиците на локалната самоуправа.

 

Градоначалникот Трајановски на гостите им посака добредојде и изрази надеж дека истите ќе имаат убав престој во Скопје, како и успешна и плодна работа на конференцијата.

 

- Овој прием вечерва организиран од Градот Скопје е одлична можност да се дружиме, да размениме мислења за тоа што можеме да го сториме во правец на јакнењето на врските на збратимените градови Скопје и Темпи, но и одличен повод за воспоставување на нови пријателства на балкански и американски градови. Ја користам оваа можност да се заблагодарам на г. Њухајзел –Претседател на Корпорацијата на збратимените градови на Темпи и на претставниците  на оваа Корпорација за поддршката што ја даваат во реализирањето на соработката на нашите два града. Исто така, би сакал да се заблагодарам на Систер ситис интернејшенл за тоа што го избраа градот Скопје да биде домаќин на Балканската конференција посветена на збратимувањето. Верувам дека Скопје ќе биде местото од кое многу градови ќе добијат мотив за збратимување. Соработката на Скопје со збратимениот град Темпи  нека биде пример за тоа колку успешна може да биде приказната поврзана со збратимувањето, рече Трајановски.

 

 

 

 

 

07.06.2014 - 10:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега