Иванов на инаугурацијата на новиот украински претседател

 

Maкедонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Киев ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот украински претседател, Петро Порошенко.

Порошенко победи на претседателските избори што се одржаа минатиот месец. Тој освои преку 50 проценти од гласовите. Главни противкандидати му беа поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, Олег Лјашко, Анатолиј Гришенко и Сергеј Тигипко.

Познатиот „крал на чоколадата“ е сопственик на популарниот ТВ канал, на фабрика за автомобили и бродоградилишта. Тој на граѓаните на Украина им вети „нов начин на живот“ и нормализирање на односите со Русија во рок од три месеци. Приоритет во програмата на Порошенко е и членството на Украина во НАТО.

07.06.2014 - 10:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега