„Никогаш нема да ви заборавиме“ - Благодарност од Србија за помошта од Македонија

 

Српската амбасадорка Душанка Дивљак-Томиќ денеска за време на нејзиниот престој во Битола, искажа јавна благодарност до граѓаните и институциите во Македонија што учествуваа во хуманитарните акции за граѓаните на Србија кои беа погодени од поплавите.

- Хуманитарната акција во Македонија претставува гест на исклучително и големо пријателство, внимание и висока чувствителност за луѓето што настрадаа и на коишто помошта им беше најпотребна, рече амбасадорката Дивљак-Томиќ.

Амбасадорката потенцираше дека Србија никогаш нема да ја заборави оваа понудена помош.

Дивљак-Томиќ во Битола учествуваше на промоцијата на Зборникот трудови на тема „Конзулска Битола и историските, современите и идните културни и уметнички врски меѓу Република Македонија и Република Србија“ кој, како што рече таа, претставува потврда за големата културна ризница и квалитет на соработката меѓу двете држави. 

06.06.2014 - 15:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега