Скопјани ќе се забавуваат со „Баскерфест 2014“

„Баскерфест 2014“ од денеска во Скопје.  До 15. јуни, скопјани ќе можат да се забавуваат со над 150 артисти, музичари и театри од целиот свет.

Официјалниот старт на уличниот театар во главниот град е вечерва во 21 часот на плоштадот „Македонија“ на платото кај скалите кај Камени мост,  со настапот на Алдруби  (Танцот на балоните) од Нови Сад.

На скопскиот плоштад „Македонија“ ќе има три бини, од кои на две ќе настапуваат уличните артисти, а едната ќе биде музичка. Во преостанатата програма скопјани ќе можат да уживаат на локациите „Пивница Стар Град“ (Стара скопска чаршија) и „Градска плажа парк“ (на кејот зад Градски парк).

- Целта на манифестацијата е да се направи сплет на културни, забавни и  уметнички содржини и подигање на свеста и значењето на уличната уметност, воведување нова туристичка понуда и промоција на Скопје по теркот на сите светски метрополи, информира Град Скопје.

„Баскерфест“ за отворен ќе го прогласи градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој е покровител на фестивалот. За одржување на фестивалот и годинава од буџетот на Град Скопје се издвоени околу 900.000 денари.

Гевгелија беше прв домаќин на „Баскерфест“. Турнејата ќе трае до 30 јуни, кога во Охрид, Дојран и Битола и официјално ќе заврши Караванот на среќата под отворено небо. Македонците  ќе  уживаат во уличните претстави на „Баскерфест“ и во Велес (6-7 јуни), Свети Николе (7 јуни), Облешево/Чешиново (10 јуни), Кавадарци (13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино ( 18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп (20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово (21 јуни), Крушево (22 јуни), Дојран (27-30 јуни), Ресен (28 јуни), Охрид (28-29 јуни), Делчево (29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30јуни).

06.06.2014 - 11:56
Фото: 
А1Он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега