„Римес“ ги затвора продавниците во Скопје

Kомпанијата за месна индустрија „Римес“ ги затвора своите продавници во Скопје. Според еден од доверителите, фирмата не работела ликвидно и се соочувала со сериозни финансиски проблеми.

-Ние како доверители ќе се обидеме да и помогнеме на компанијата во делот на подмирување на долговите, и ќе направиме напори фирмата да продолжи да работи. На крајот на неделава е закажан состанок со сите доверители, на кој што треба да се направат пресметки за фиансиските долгови, и да се утврдат побарувањата од една банка, вели еден од доверителите за 24 Вести.

„Римес“ е една од поголемите компании во месната индустрија и покрива 5 до 10% од пазарот со месни преработки. Пропаѓањето на ваквите големи компании, коментираат упатените во овој бизнис за 24Вести, може негативно да се одрази на пазарот, бидејќи ќе се јави недостиг кој би се пополнил со увозни месни производи.

 

 

04.06.2014 - 10:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега