6.450 земјоделци аплицирале за субвенции во Кавадарци и Росоман
Заврши аплицирањето за земјоделски субвенции. Раководителот на подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Шалев информираше дека 6.450 земјоделци од Кавадарци и Росоман aпликацираа за добивање субвенции со цел да обезбедат развој и поттикнување на своето производство.
- Ова е речиси на истото ниво од ланската бројка за субвенции во овие две општини. Поднесувањето годинава се карактеризираше по тоа што барањата се поднесуваа и по електронски пат, што е овозможено по претходното регистрирање на земјоделците со сите податоци за земјиштето и сопственоста, нешто што нашата подрачна едница го направи благовремено меѓу првите во земјата, вели Шалев.
Како што информираше Шалев, единствениот регистар на земјоделските стопанства и регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни сега овозможува брзо и ефикасно евидентирање, проверка и други начини на комуникациија со сопственикот за било каква активност на Министерствотро за земјоделство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството или друг законски субјект.
Шалев потсетува дека овоштарите и лозарите кои ќе подигаат нови насади имаат можност да аплицираат за поддршка од државата до крајот на овој месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа