Скопјани од денеска ќе имаат уште едно место за излегување - еве што се подготвува на кејот на Вардар

Од денеска почнува да работи градската Плажа „Парк“, која е лоцирана на кејот на Вардар, веднаш зад дискотеките во градскиот парк во Скопје. Плажата ќе работи со сосема нов концепт, но и со променет изглед. 

- Долго време се работеше на плажата, на нејзината конструкција, но и на начинот на кој ќе функционира ова летно катче каде што скопјани ќе можат секојдневно да уживаат во спортско-рекреативни активности како и во различна музичка програм, велат од тимот кој стои зад Градска Плажа „Парк“.

Граѓаните ќе можат да уживаат и во денска и во ноќна шема, достапни цени и музика од сите жанрови. Опуштен понеделник со реге музика, баскет во среда или пак хаус журка во сабота, изборот останува на посетителите.

Свеченото отварање е вечерва во 20:00 часот, влезот е бесплатен, а за посетителите да бидат разиграни ќе се погрижат голем број бендови и диџеи од Македонија кои ќе направат забава до доцна во ноќта. За забава ќе се погрижат и уличните артисти, учесници на Баскерфест 2014 кои ќе го најават и почетокот на Фестивалот во Скопје, кој е закажан за 6 јуни, а ќе трае се до 14 јуни.

Од менаџерскиот тим кој стои зад Градска плажа „Парк“ велат дека е планирано еднаш месечно да се одржува по еден поголем настан со познати музички имиња од странство, а од понеделник до недела секојдневно се планирани различни тематски забави. Покрај тоа за сите рекреативци во паркот и на кејот на плажата постои место за продажба каде што ќе можат да се освежат и да одморат по рекреирањето.

04.06.2014 - 09:34
Фото: 
Нова Македонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега