За 80 мали хидроелектрани доставени 49 понуди

 

До Министерството за животна средина се доставени  49 понуди од домашни и странски компании за вкупно 80 локации за мали хидроелектрани, информираше  министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми на денешното отварање на понудите.

- Ова е голема заинтересираност за изградба на ваквите хидроелектрани затоа што и студијата што беше подготвена од Министерството покажуваше дека некои локации се поатрактивни. Владата пред да го отвори овој повик имаше неколку измени околу овластените тарифи и олеснување за инвеститорите се со цел локациите да бидат поатрактивни и да имаме повеќе заинтересирани, истакна Адеми.

Што се однесува до водните ресурси, информира Адеми, тие учествуваат со 20 отсто во вкупното производство на електрична енергија. Новиот пакет на мали хидроелектрани со вкупна инасталирана моќ од 64 мегавати ќе значи зголемување на сегашниот хидро капацитет од 10 проценти.

 

02.06.2014 - 15:32
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега