Активности за поголема соработка на австриски и македонски компании

Македонија и Австрија имаат простор за одлична економска соработка. Трговската размена лани достигнала 190 милиони долари, а во првиот квартал бележи раст од 46 проценти и изнесува 45 милиони американски долари. За да се зголеми размената Стопанската комора на Македонија и Австриската амбасада во Скопје  преземаат активности за  поврзување на македонски и австриски компании.

Економското аташе Герхард Шлатл потенцира дека e избран овој сектор бидејќи е во подем и има можност за развој.

- Имаме политика на отворени врати и ги повикуваме сите компании кои сакаат да соработуваат со компании од Австрија да се обратат до економското аташе во Австриската амбасада, рече Шлатл.

Во Македонија се присутни и повеќе австриски компании. Австрија е на второ место по инвестиции кои во 2012 година изнесуваа 81,7 милиони долари.

- На австриските компании им треба долго време да одлучат за инвестирање во Македонија но кога ќе донесат одлука инвестирањето е на долг рок, истакна Шлатл.

Најголемиот дел од австриските компнаии кои инвестираа во земјава се во осигурителниот пазар и банкарскиот сектор.

02.06.2014 - 13:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега