Тетовчанец итно пренесен во болница - со автомобилот удрил во коњ
Несекојдневна сообраќајна несреќа се случи вчеравечер во Тетово, кога автомобил удри во коњ. Како што јавува Вест, несреќата се случила на булеварот Видое Смилевски-Бато, вечерта околу 20 часот кога 28-годишниот Б.Т. се движел по улицата со автомобил и во еден момент удрил во коњот, кој стоел на коловозот. Од ударот, возачот се здобил со потешки повреди и бил однесен во тетовската Клиничка болница, каде што бил задржан на понатамошно лекување.
Од ударот бил повреден и коњот но ја преживеал несреќата.
01.06.2014 - 15:10
Фото:
puls24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа