Масовна тепачка во Гевгелија - на сред терен се судрија навивачите на Кожув и МЗТ Скопје

 

Во моментот поради тепачка на двете навивачки групи „Фемили“ и „Фантоми“, прекинат е натпреварот од финалната серија помеѓу Кожув и МЗТ Скопје, јавува Спортска треска

При резултат 66:64 за Кожув, на седум минути и една секунда до крајот, навивачките групи на двата тима се судрија.

„Според првичните информации, „Фемили“ од Скопје допатувале во број околу 300 навивачи, додека домашните „Фантоми“ се околу 200 навивачи. Домашната публика веќе заминува од трибините, по барање на раководните лица, додека „Фемили“ се внатре на паркетот, и како што ни кажаа „лудуваат“.“ - пишува Спортска треска

Наскоро очекувајте повеќе информации, како и материјал од самиот настан!

најчитано сега