Сите изненадени од ниските примања и имот на премиерот и Владата

 

Според официјалните извештаи од мај оваа година, премиерот на Србија во своја сопственост има гарсоњера од 30 метри квадратни, но нема кола ниту заштеда. 

На сајтот на Агенцијата за борба против корупција во делот за Оделение за контрола на имотите на функционерите можат да се пронајдат податоци за имотната состојба и приходите на политичарите кои извештаите за своите недвижнини и имот ги имаат предадено на Агенцијата. Можат да се види дека Владата на Србија која ја предводи Александар Вучиќ и не е баш богата како ни самиот премиер.

На сајтот се објавени сите податоци за имотната состојба на министрите на Владата на Србија и овие податоци покажуваат кои возила ги имаат членовите на кабинетот на Александар Вучиќ, дали има стан во свој посед, како и колкава му е платата.

Според овие извештаи, се чини дека повеќе претставници немаат никакви заштеди, а повеќе од нв ниту автомобили, ниту пак станови на свое име.

Премиерот Вучиќ има плата од 125.000 динари и тоа е единствениот негов извор на приход. Заменикот зема пак 109.000 динари.

Вучиќ е сопственик и на стан од 117 квадратни метри, студио од 30 квадрати, но нема возило ниту заштеда.

 

Неговиот заменик Ивица Дачиќ во моментов зема 110.000 динари, и има стан од 119 квадратни метри, и со ¾ удел и заштеди. 

30.05.2014 - 19:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега